Холандските уметници Lonneke Gordijn и Ralph Nauta од Studio Drift осмислиле величествена светлечка скулптура под наслов Fragile Future III, која само на прв поглед изгледа како мноштво на LED светилки, но кога ќе се погледне поблиску, во прашање е фасцинантна изработка.
Поточно, секоја светилка е врамена со семиња од глуварче, кои се внимателно избрани, а потоа рачно споени на самите светилки. Сите се наоѓаат во мрежа од држачи изработени од бронза, а самото концептуално дело создадено е со порака против денешното масовно производство и потрошувачката култура на денешницата.
Studio Drift работи од 2006 година, а нивната филозофија се базира на дијалог помеѓу спротивностите – природа и технологија, знаење и интуиција. Нивните дела беа претставувани ширум светот, вклучувајќи ги и музејот Victoria & Albert во Лондон, World Expo во Шангај и на Design Basel во Мајами.