Скулптурата „Вечна пролет“ на францускиот скулптор Огис Роден е продадена на аукција на аукциската куќа Сотби во Њујорк за рекордни 20,4 милиони долари, пренесува сајтот на аукциската куќа. Организаторите на аукцијата скулптурата на Роден ја оценувале од осум до 12 милиони долари.
На аукцијата беа претставени 62 дела, а една третина од нив останаа непродадени. Од продадените дела беа остварени 144,5 милиони долари. Организаторите на аукцијата очекуваа за сите дела да добијат околу 165 милиони долари. Претходно рекордната вредност на дело од Роден беше малку под 20 милиони евра.