Насловна / Архитектура / Скулптура која и пркоси на природата

Скулптура која и пркоси на природата

Студиото Robert Gutowski Architects во област со исклучителен фонд на флора и фауна, го изведе проектот за кулата Lookout лоцирана во околината на езерото Наплас, во алувијалната рамнина на потокот Силас и паркот шумаТА Цинкота, исто така познат како природен резерват во Унгарија.

2

Областа отсекогаш била популарна и интересна дестинација за планинарите, станувајќи едно од најпосетуваните места за пешачење и природни области околу Будимпешта. Кулата е структура која придонесува кон уникатноста на природниот контекст во областа и ги поканува планинарите да се искачат, да се издигнат над пејзажот и над себе, да уживаат во панорамскиот поглед од 360 степени.

4 5 3

Структуралноста на кулата е од бондручен систем, при што архитектите се користеле со модел кој е едноставен и софистициран. Кулата е прицврстена на бетонска основа изградена на рамнина во форма на рамностран триаголник. Горниот дел од волуменот, висок 27 метри, е триаголник кој одговара на подот на долното ниво, но се ротира за 60 степени.

10 12 9 8

Фигурата што произлегува од постојаната ротација на триаголникот е шестоаголник, со кој архитектите сакале да се осврнат на симболичната врска помеѓу архитектурата и математиката. Карактеристична геометрија поради која локалното население гордо го препознава како „Кривата кула на Силас“ и е едно од најпосетуваните места за пешачење во Будимпешта со палуба за набљудување, која овозможува набљудување на панорама од 360 степени.

7 6 4

Дрвени греди по ободот започнуваат и завршуваат на темињата на хоризонталните триаголници. Можете да уживате во пејзажот од различни агли благодарение на празнините меѓу гредите. Како што се издигнуваме над земјата, се добива подобар поглед на светот надвор, но и кон внатре.

Природен резерват на Будимпешта е езерото Наплас и неговата околина, поплавната рамнина на потокот Силас и парк шумата Цинкота. Ридот кој се издигнува над езерото Наплас, претставува архитектонски симбол кој го нагласува рекреативниот простор долж зелените коридори на мапата на Будимпешта.

 

Испрати коментар

Scroll To Top