Њујоршките архитекти од студиото Specht Architects го претставија својот импресивен проект наречен Casa Xixim. Се работи за резиденција која се наоѓа во мексиканскиот Тулум, дестинација која станува попопуларна меѓу помладите туристи кои бараат забава и прекрасни плажи.
Сите оние кои сакаат луксузно сместување, сега добија уште една одлична опција. Имено, оваа резиденција е достапна за целосно изнајмување, и им нуди на гостите голем број на одлични содржини. За почеток, во градината гостите ги чека голем базен, од кревет се излегува на тераса со поглед на раскошната густа шума, а околу лежалките за одмарање палми кои ги ладат посетителите.
Оваа резиденција со современиот дизајн е направена во минимастички стил и со релативно малку присуство на бои. Екстериерот е бел, додека во ентериерот белата боја е испреплетена со дрвени елементи.