Насловна / Вести / Скопско „Бостание“: Еколошки растенија од урбана градина

Скопско „Бостание“: Еколошки растенија од урбана градина

Еколошки домати, пиперки, сончоглед, тикви се сликата и мирисите што ќе се обземат при влезот во првата општествена градина „Бостание“ која е сместена во населбата Ново Лисиче. Градинари ентузијасти, од различни возрасти, секојдневно доаѓаат да се грижат за своите растенија, да ја исчистат тревата, да ги подврзат стеблата ако се пораснати повеќе, да проверат дали им треба дополнителна количина на вода и се разбира на крајот да уживаат во собирањето на плодовите кои не се за масовна продажба туку само за нивно уживање.

DSC03807_resize

DSC03839_resize

Повеќе од 40 градинари се грижат за парцелите од околу 50 квадратни метри, кои се групирани по четири во седум маала и тоа на површина од три илјади квадратни метри.

На влезот во „Бостание“ прво е едукативната патека, во која има дрвени леи со различна висина, а кои се наменети за децата од различна возраст да можат да го научат процесот на садење и одгледување градинарски култури. На средината од едукативната патека погледот запира на една уметничка инсталација.

DSC03818_resize

DSC03844_resize

Делото „Симбиом“ е направено од природни материјали, во средината е предвидено да се одгледуваат печурки, а надворешноста се чека да зазелени со саморастечки растенија. Откако растенијата ќе овенат инсталацијата ќе се распадне и тоа ќе се користи како компост. Во средината на „Бостание“ сместен е делот за дружење на градинарите, место каде се одржуваат состаноци, а има можност и да се спушти платно за да се гледаат филмови или некои едукативни презентации. Околу овој простор засадени се овошни дрвја кои со текот на годините ќе направат овошна шума.

DSC03858_resize

Веднаш до овој дел се наоѓа езерце во кое ќе се одгледуваат водни култури. Планирано е да се засадат трски, да се пориби и на крајот да се засади лотос кој со цветот би придонел за уште поголемо визуелно уживање.

DSC03846_resize

Околу секое маало со четири парцели има компостари, а новина е и тоа што се почнува со правење вермикомпост, кој е компост со црви кои веќе наголемо си ја работат својата работа во компостарата. Како материјал за компостирање се користи и потрошен супстрат од печурки кој е како дополнителен материјал.

DSC03835_resize

Помеѓу градинарските култури се забележуваат разнобојни цвеќиња кои придонесуваат за дополнителна пријатна слика. Цветните култури се многу важни за растенијата, тие освен што разубавуваат ги бркаат штетните, а ги привлекуваат корисните инсекти.

DSC03836_resize

Културите кои се одгледуваат во „Бостание“ се еколошки, без вештачки ѓубрива и пестициди. Идејата е да се зачуваат старите сорти и семиња, кои сè помалку ги има. За одгледување расад во подготовка е просторија каде се поставуваат рафтови за во текот на зимата да се одгледуваат корењата кои напролет ќе бидат засадени во градината. Некои од градинарите ги имаат расчистено леите од сезонските растенија, па веќе имаат насадено грашок, лук, кромид, спанаќ, марула и слични градинарски култури што се поотпорни на студ.

DSC03820_resize

 

DSC03821_resize

Наводнувањето на растенијата е со систем капка по капка кој е овозможен од бунарот со пумпа кој е донација од страна на Градежниот институт Македонија (ГИМ) кои имаа направено бушотина за да може да се зема вода и да се овозможи овој систем.

DSC03843_resize

Проектот „Развивање на прва урбана градина во град Скопје“, подразбира примена на пермакултурен дизајн за изведба на градина во согласност со природата.

Урбаното градинарство кое зема сè поголем замав во градовите низ светот има за цел дружење и зближување на граѓаните преку претворање на јавните површини во градини, односно во оази за производство на здрава храна преку споделување на искуствата и одговорностите.

DSC03826_resize

Од граѓанското здружение „Зелената арка“ велат дека заедничкото градинарство ја одржува психофизичката благосостојба на градинарите, нуди можности за стекнување нови животни вештини и за заедничко делување. „Овде секојдневно се разменуваат мислења, се делат совети, се учат новини. Градинарите уживаат во својата работа“, вели Александар Николовски од „Зелената Арка“.

DSC03814_resize

Тој додава дека интересот меѓу граѓаните постојано расте, така што сите парцели се доделени, додека одреден број новопријавени се на списокот на чекање за следната градинарска сезона. Исто така, Николовски вели дека имаа помош и од учесници кои не сакаат да градинарат, но им помагаат околу останатите работи за уредување на градината.

DSC03806_resize

Очекувањата на „Зелената Арка“ се дека градината постепено ќе стане самоодржлива, ќе произведува доволно расад и компост за да се задоволат потребите.

„Бостание“ е проект на здружението на граѓани „Зеланата Арка“, реализиран со финансиска поддршка на Град Скопје и со помош од Градежниот институт Македонија.

DSC03816_resize

DSC03832_resize

DSC03842_resize

DSC03853_resize

DSC03854_resize

Испрати коментар

Scroll To Top