Насловна / Вести / Скопскиот саем за мебел во 11 хали и со 400 штандови

Скопскиот саем за мебел во 11 хали и со 400 штандови

Почнувајќи од вторник (22 март ) до недела (27 март), започнува 42. по ред Меѓународен саем за мебел на Скопски саем – МЕБЕЛ 2016.

Повеќе од 400 странски и домашни изложувачи, со понуда од 10.000 изложени парчиња на мебел, за првпат во рекордни 11 саемски хали – меѓународниот саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел е водечки настан во модерниот и класичен мебел и дизајн на овие простори и пошироко.саем за мебел2016

– Меѓународниот саем мебел стана препознатлив бренд во оваа индустрија и со текот на годините прерасна во еден од најдобрите и најпосетени саеми во регионот. Имено, станува збор за една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко, која е запаметена и со нетрпение очекувана заради своите оригинални декорирани изложбени простори, кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание – изјави оперативниот директор на проект во Скопски саем, Магдалена Хамбова.saem-za-mebel-porta3_14

Оваа специјализирана комерцијално изложбена манифестација стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко.

Над 50.000 посетители секоја година ги минуваат штандовите на саемот за мебел, а годинава се очекува оваа бројка да биде надмината.

Испрати коментар

Scroll To Top