Вчера во Чифте амам пред скопска публика се отвори изложбата „Ателје – радоста на сликањето“, која во голем број дојде да му оддаде почит на великанот на современото македонско сликарство Рубенс Корубин.
Корубин со оваа изложба одбележа и два значајни јубилеја, 70 години живот и 45 години од дипломирањето на ликовната академија во Белград.
Изложени се 70-тина дела, како и цртежи и слики од неговата лична колекција.
Изложените дела се дел нови, создадени во последноте години, постари слики од неговите студентски денови во Белград и важни дела од 80-тите и 90-тите. Тие сведочат за едно исклучително творештво.
На изложбата која ќе биде отворена до крајот на октомври може симболично да се ѕирне во ателјето на мајсторот во Сарај.
Како што велат од Нациналната галерија може да се види „еден романтичен сликар, тој е уметник кој ја искажува сопствената деликатна визија и сопственото разбирање на материјалните и емотивните елементи кои го сочинуваат нашиот свет“.
фото: КИРО ПОПОВ