Насловна / Вести / „Скопје Велоград 2017“ – нови велосипедски рути за градот

„Скопје Велоград 2017“ – нови велосипедски рути за градот

слика-2

Новиот прокет наречен „Скопје Велоград 2017“ има за цел да формира нови велосипедски патеки и рути во Скопје со цел подобрување на велосипедскиот сообраќај. Се планира да се постават вкупно 11 нови рути, односно 4 во правец исток-запад и 7 во правец север-југ.

слика-1

РУТА 1 –  2014-2015 г
Гази Баба-Центар-Карпош (со должина околу 8 километри)

Пуштена во употреба е новата велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски, на потегот од клучката „Естекада“ до бараките на Општина Гази Баба. Оваа  патека на булеварот Александар Македонски е дел од Рутата 1 од капиталниот проект за унапредување на велосипедските патеки во Скопје – СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017, што Градот Скопје го промовира пред два дена. Патеките што се дел од Рутата 1 треба да бидат реконструирани до крајот на оваа, 2015 година. Во моментов се работи на реконструкција на велосипедската патека од другата страна на булеварот Александар Македонски, од јужната страна, на потегот од хотелот „Континентал“ до клучката „Естекада“. Градежните работи ќе продолжат и на други велосипедски патеки од Рутата 1.

 

слика-3

РУТА 2  – 2015-2016 г

Аеродром-Центар-Карпош-Ѓорче Петров (со должина околу 11 километри)

 

слика-4

РУТА 3  2016-2017 г

 Кисела Вода – Центар – Карпош (со должина околу 8,5 км)

 

слика-5

РУТА 4  2016-2017 г

 Бутел-Чаир-Центар (со должина околу 5 км)

 

слика-6

Седум конектори – 2017 г (со должина околу 19км)

Извор: skopjeinfo.mk

Испрати коментар

Scroll To Top