Насловна / Вести / Скопје со хортикултурни амбиции

Скопје со хортикултурни амбиции

hortikultura

– Скопјани уживаат во зеленило и хортикултурно уредени простори. Трендот на уредување на дворовите се засилува од година на година. Сега е период на поткастрување на дрвцата, прихранување на земјиштето и засадување нови садници. Сега е време и кога се прскаат садниците против штетници – вели Јовица Трајковски, сопственик на „Платон-Фрофи“.

Тој појаснува дека сѐ повеќе граѓани грижата за дворовите им ја препуштаат на фирмите што се специјализирани за хортикултура. Од центарот на градот трендот на уредување дворови се шири кон периферијата. Во „Флораком“ има различни типови пролетен и зимски расад, со кој претежно се садат сите јавни површини во градот.

– Хортикултурното уредување на градината и композициите на зеленило во неа им даваат инспирација и идеја на посетителите како да го уредат своето дворно место. Од нејзиното отворање до денес ја имаат посетено повеќе од 20.000 граѓани. Ја посетуваат речиси сите гости што престојуваат во хотелот „Александар палас“, многу личности од нашиот политичкиот и јавен живот, деца од детски градинки и основни училишта, средношколци што учат хортикултура од Скопје и од Кавадарци, студенти од Шумарски и од Земјоделски факултет, како и професионални одгледувачи на бонсаи од целиот свет – вели Филков.

Испрати коментар

Scroll To Top