Скопје синоќа беше шести најзагаден град на светот. Тоа го покажаа мерењата на глобалната апликација Air Visual.
Индексот, кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод и натриум диоксид и озон, за Скопје покажа вредност од 160. Пред Скопје се само Лахор во Пакистан, Делхи во Индија и кинеските градови Ченгду, Шенјанг и Пекинг, градови кои имаат повеќе милиони жители.
Над дозволената граница вчера беа загадени и Струмица, Битола, Куманово Гостивар и Кавадарци.