Насловна / Архитектура / Скопје по 56 пат се сеќава на катастрофата

Скопје по 56 пат се сеќава на катастрофата

Веќе 56 години Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Кобниот ден точно во 5.17 часот се случил силниот потрес со магнитуда од 6.9 по Рихтеровата скала кој траел 20 секунди. Се слушнал силен татнеж, тресење и нишање. Сè било јасно. Се случила катастрофа. Целото население излегло на улица. Од тресењето на земјата после катастрофата се уривале и оние објекти што не биле паднати при првиот удар.

zemjotres rascistuvanje

Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени биле 28.000. Над 200 илјади луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, а биле повредени над четири илјади граѓани.
По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути.

zemjotres stara zeleznicka
Следувала една дотогаш најголема и најбрза хуманитарна акција. Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. Во Обединетите нации 35 земји поднеле иницијатива за помош на Скопје. 78 земји од светот испратиле помош во Скопје и помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“. Многу познати светски личности активно се заложиле за обновата на градот. Меѓу останатите Пабло Пикасо на Скопје му ја подарил сликата „Глава на жена“.

танге-1-770x549

тимот на Кензо Танге

Јапонскиот архитект, добитник на Прицкер, Кензо Танге (1913-2005) е тесно поврзан со обновата на градот. На меѓународен архитектонско-урбанистички конкурс, кој 1965 година го организирале посебен Фонд на ОН, Владата на СФРЈ и Меѓународната унија на архитекти, од осум повикани тимови (четири од Југославија и четири од странство), прва награда добиле два: 60 отсто од наградата добива тимот на Кензо Танге, а 40 отсто архитектите од Загреб, Радован Мишчевиќ и Федор Венцлер.

Загреб-Мишчевиќ-Венцлер_макета-900x487

Радован Мишчевиќ и Федор Венцлер

Овие архитекти заедно со локалните органи, ја изработуваат и деветтата – финална варијанта на планот за централното градско подрачје, кој никогаш не е докрај реализиран. Овој план во голема мера ги задржува основните идеи за урбанизација предложени од тимот на Танге, посебно неговите просторни и структурни елементи.

miscevic_tange

Радован Мишчевиќ и Кензо Танге

Директните штети предизвикани од земјотресот се пресметани на 980 милиони американски долари, односно 15 % од вредноста на бруто-националниот производ (БНП) на СФРЈ за 1962 година. Со оглед дека учеството на Македонија во БНП на СФРЈ беше околу 7 %, директните штети предизвикани од скопскиот земјотрес се нешто поголеми од два БДП на Македонија за 1962 година.

Испрати коментар

Scroll To Top