Главниот град на Македонија повторно се најде на последното 431. место на листата од 431 град направена врз основа на анализата на институтот „Ту тинк нау“ (2thinknow), со седиште во Мелбурн, Австралија.
Повторно, на глобално ниво, Скопје е меѓу последните, односно најнеинвентивните градови, на 430-то од вкупно 442 места, во друштво на танзаниски Дар ес Салаам, Тегусигалпа од Хондурас, Алжир, белоруски Минск, пакистански Лахор и други.
Листата се составува врз основа на 162 податочни индикатори, а е заснована на основните фактори како што се здравјето, богатството, популацијата или географијата.
Од другите балкански градови, Белград е на 101. место, Љубљана на 154-то, Софија на 254-то, а Загреб на 237-то.
На првото место на светската листа е Лондон, а по него се Сан Франциско, Виена, Бостон и Сеул.
Според институтот, заеднички за развиените градови се подобрувањето на економските услови, стартап-претпријатијата и технолошките сектори, во кои македонскиот главен град очигледно не е успешен.
Индексите на Ту тинк нау се објавуваат секоја година со предусловите за иновации во секој град на листата, а во 2015 година на глобално ниво во индексот се наоѓаат 500 града.
Според индексот, градовите со повеќе иновации имаат повисоко економско производство и се најдобрите дестинации за инвестирање во комерцијални производи, услуги или социјални иновации без одреден индустриски фокус.
Сите индекси се достапни на сајтот Иновејшн ситис.