Насловна / Вести / „Скопје на новата генерација“- конкурс за архитектонски и урбанистички дизајн за 1500 евра

„Скопје на новата генерација“- конкурс за архитектонски и урбанистички дизајн за 1500 евра

По повод 60 години од скопскиот земјотрес Europe House во Скопје вели дека со возбуда го објавува ексклузивниот конкурс за млади архитекти и урбани планери кои ќе ја замислат и променат урбаната средина во Скопје. Оваа заедничка иницијатива се обидува да ги реши проблемите со напуштените и отуѓени јавни површини кои можат да се обноват за новата генерација. Ги покануваме иновативните млади професионалци и креативни умови на возраст до 35 години да учествуваат во овој пионерски потфат и да придонесат за повторно замислување на урбаното ткиво на Скопје.

Главната цел на конкурсот е да инспирира иновативни идеи за архитектонски и урбан во јавните простори. Учесниците треба да се фокусираат на повторно осмислување и/или преуредување на наведените локации, под услов тие да се вклопат во амбиентот и околината, со цел да се создаде одржлива и инклузивна урбано/архитектонски генеративна средина.

Интервенциите треба да се соодветни на локацијата на начин што не го деградира сегашниот квалитет на живот и да додават вредност на околината.

Избрани локации:

1. Луна-парк

2. Фонтана „Лотосов лист“ во Градскиот парк

3. Езерце

4. Плоштад „Коцка“

5. Трговски центар „Бутел“

6. Улица „Илинденска“ (од зградата на Владата до фонтаната во Градскиот парк)

7. Улица „Илинденска“ (крајот на улицата во Карпош 4)

8. Улица „Пластичарска“

9. Кеј „Димитар Влахов“ на реката Вардар (од зградата на МАНУ до бензинската

пумпа на „Макпетрол“)

10. Кеј „Паркот на франкофонијата“

11. Кеј Влае

12. Паркингот околу театарот „Комедија“

Учеството на конкурсот е бесплатно е отворен само за локални учесници. Професионалците и студентите помлади од 35 години можат да учествуваат само со еден проект.

Учесниците можат да ги поднесат своите предлози како поединци или во тимови (до четири лица), составени од архитекти, урбани планери, просторни планери и лица со слични професии.

ss

Датуми и рок:

  • Објава на конкурсот: 4 септември 2023 година
  • Краен рок за поставување прашања: 18 септември
  • Објавување на прашањата и на одговорите: 25 септември
  • Краен рок за поднесување: 22 октомври 2023 – 23:59 ч.
  • Објава на оценката на жирито (интерно): 6 ноември 2023

Награди:

  • Главна награда: 1.500 евра
  • Награда за второ место: 800 евра
  • Награда за трето место: 500 евра

Жири:

Членови на жирито се професори од: Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, УАКС | Универзитетот Американ колеџ Скопје, МИТ Универзитетот и АУЕ ФОН Универзитетот.

Што ќе донесе конкурс во град кој се соочува со сериозни урбанистички проблеми кои се повеќе го попречуваат функционирањето на Скопје и жителите останува да видиме во ноември. Особено што урбанизмот е мултидисциплинарна наука, која бара вклученост на големи стручни тимови и професионалци од разни области, многу длабински анализи и долго време на изработка поради наталожените проблеми.

Вакви „ексклузивни“ конкурси и со ваков мал буџет, особено во период кога фелата донесе тарифник за урбанистичко планирање и се мачи со негово спроведување, можат да претставуваат опаснот да донесат „сликовници“ со цртежи, кои секако ќе останат на хартија, замка за начин на размислување кој е неспропведлив на зададените локаци и неодржлив, а воедно една многу сложена наука како планирањето ја поедноставува и карикира и во меѓувреме поевтинува, а со тоа и подценува трудот на учесниците. Конкурсот е за студенти и млади архитекти, урбани планери, просторни планери и лица со слични професии (!?), да се запрашаме како распишан на овој начин, со овој буџет и рок во град кој сериозно се соочува со проблеми поради непрофесионално планирање ќе влијае на идните професионалци кои треба да ги разрешуваат недоследностите кои им ги оставаме. Борбата на теории и идеи одавна е завршена, време е сериозно да се посветиме на урбанизмот.

Повеќе за конкурсот тука.

Испрати коментар

Scroll To Top