Главниот град на Македонија, Скопје, има недостиг од јавни тоалети, а другите градови се уште во понезавидна состојба, заклучуваат група студенти на ФИНКИ преку проектот што го изработие на тема „Недостаток на јавните тоалети во главниот град Скопје”.
Целта на проектот е подигнување на јавната свест за недостаток на јавни тоалети во главниот град, Скопје.
Од јавната анкета направена преку Instagram и Twitter, студентите од Финки доаѓаат до заклучок дека јавноста мисли дека има недостаток од јавни тоалети, граѓаните не се задоволни од постоечките јавни тоалети.
Анкетата покажала дека граѓаните би сакале да има повеќе јавни тоалети, а тие да се постојано чисти.
„Општото јавно мислење е дека доколку има повеќе јавни тоалети, тоа би имало позитивно влијание врз угледот на градот“, заклучуваат студентите кои работеле на проектот од резултатите на анкетата.
Сметаат дека јавните тоалети се многу важен аспект кога е во прашање хигиената на еден град, а потенцираат дека во поразвиените земји јавни тоалети има на секои 500 метри, дури има и јавни тушеви, иако тоа не е случај со Македонија.
Тука, дури ни во главниот град, нема доволно јавни тоалети,а нема потреба воопшто да зборуваме за другите градови. Постоечките се во многу лоша хигиенска состојба.
„Зарем како граѓани на оваа држава нели треба да имаме пристап до чисти вециња кои работат 24/7. Недостатоков влијае на угледот на нашата држава, а и на Скопје како метропола. Туристите кои не се воопшто запознаени со нашата ситуација би биле зачудени од фактот што немаме јавни тоалети. Ако пробаат на некоја апликација или некој сајт што служи за наоѓање на најблизок јавен тоалет, не би им излегле никакви резултати“, велат студентите на Финки.
Доколку нема јавни вециња, секој човек е принуден да бара алтернативи како на пример ресторани, барови, кафулиња и останати приватни угостителски установи. Но, што ако нема пристап до нив, прашуваат студентите.