Насловна / Вести / Скопје и во новата 2018 е најзагадениот град во Европа

Скопје и во новата 2018 е најзагадениот град во Европа

И во првите денови во новата година Скопје продолжува со својот статус – најзагаден град во Европа.

Според податоци од европските мерни станици, Скопје и Тетово ја предводат листата најзагадени градови на европскиот континент.

Во Скопје највисока загаденост на воздухот е забележана во Центар, Лисиче, Карпош и Гази Баба.

скопје

Индексот на  ПМ 10 честички е 5 до 10 пати повеќе од дозволеното. Во смог и чад се разбудија скопјани на први јануари.

Според податоците на мерните станици од Министерството за животна средина, високо загаден е и воздухот во Куманово.

Битола е средно загадена, а ниско загадени се Кавадарци, Кочани, Кичево и Дебар. Многу ниско е загаден воздухот во Велес.

Инаку, се активираше уште една мерка, а тоа е забрана на движење за возилата за дотур на стока и тоа од 7:30 наутро до 18:00 на вечер. Ова забрана ќе важи до 31 март 2018 година.

Испрати коментар

Scroll To Top