Насловна / Вести / Скопје ги надминува годишните ЕУ стандарди за аерозагадување уште во февруари!

Скопје ги надминува годишните ЕУ стандарди за аерозагадување уште во февруари!

Скопје ги надминува годишните ЕУ стандарди за аерозагадување уште во февруари, што е срамен потсетник за еколошката и здравствената катастрофа која ја преживуваат граѓаните на Скопје, информира Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“.

Така, во Европската Унија лимитот за концентрации на ПМ10 честички во просек во 24 часа е 50 µg/m3. Во ЕУ, дозволениот број на надминувања на лимитите за PM10 честички е 35 денови во една календарска година. На 20 февруари 2017, овие ЕУ стандарди се надминати на сите мерни станици во Скопје.Poster_PM10 pollution stats

Подолу во табелата се дадени вкупниот број на надминувања на 24 часовните гранични вредности (50 µg/m3) за PM10 честичките (броено во денови),  на секое мерно место во Скопје за тековната 2017та година:

Надминувања на 24 часовните гранични вредности (50 µg/m3) за PM10 честички (броено во денови) заклучно со: 20-02-2017 00:00

Станица

Вкупен број надминувања (до 20.02.2017)1

Дозволен број на надминувања годишно2

Центар

41

35

Карпош

40

35

Лисиче

45

35

Гази Баба

45

35

Ректорат (УКИМ)

46

35

Миладиновци (Општина Илинден)

42

35

1Извор: Министерството за животна средина и просторно планирање [http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=1507]

2Извор: Европска комисија (http://ec.europa.eu/environment/air/quality/standards.htm)

Потсетуваме дека Светска Банка проценува дека во Македонија од загадениот воздух годишно гинат 1,350 граѓани, што значи дека секоја година ни се случува таканаречен екоцид.

Апелираме до локалните и централните власти за итни и одржливи мерки за подобрување на воздухот во Скопје и низ цела Македонија.  Апелираме до граѓаните да користат јавен превоз, велосипед или да споделуваат превоз (3-4 луѓе во кола).

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top