Насловна / Вести / Скопје Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопје Европска престолнина на културата за 2028 година

Град Скопје е избран за престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година. Скопје се претстави пред ЕУ со богатата програма под слоганот „Култура над поделба“. Одлуката беше соопштена вчера на свечен настан во „Куќата на европската историја“ во Брисел, по претставување на програмите на двата финалисти Скопје и Будва, Црна Гора.

skopje-grad-na-kulturata-2028-2

„Тимот посветено работеше на културна промоција, претставувајќи ја програмата во различни области, иновативните идеи и концепти со кои Скопје ќе се најде на мапата како Европска престолнина на културата за 2028. Овој избор е престижно признание за сите нас, Скопје е дел од Европа, а Европа во годините кои следат до 2028 година ќе се обедини со Скопје низ призмата на културата и уметноста . Нашата визија која победи денес ги вклучува младите и креативните индустрии, поврзани со еко-практики како иновација во сите процеси и културни настани кои ќе се одвиваат 365 дена во Скопје. Програмата почнува да се имплементира уште во јануари 2024 година и во текот на следните години обединети националните и европските уметници ќе учествуваат на стотици културни настани кои ќе кулминираат во 2028“, истакна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, по соопштувањето на одлуката.

skopje-grad-na-kulturata-2028

Процесот за кандидатурата на Скопје за оваа престижна титула се одвиваше неколку години. Скопје ја поднесе кандидатурата за Европска престолнина на културата во 2018 година. Во процесот беа вклучени градските и државните културни институции, многу активни чинители од областа на културата и експерти.

Скопје ја доби кандидатирата во категорија на градови од EEA/EFTA земји, земји кандидати за ЕУ и потенцијални кандидати за ЕУ.

Испрати коментар

Scroll To Top