Повеќе скопски населби се секојдневно загрозени од отровните емисии во воздухот од фабричките оџаци на индустриските капацитети лоцирани во некогашната скопска „Железарница“. Жителите на населбите на Железара, Автокоманда, Гази Баба, Бутел, Чаир и Скопје Север се жалат дека секојдневно се соочуваат со загаден воздух и црна прашина во домовите, особено во утринските часови. Тие велат дека оџаците најагресивно чадат ноќе, преку викенд или на празници.
Според податоците од набљудувачките станици на Министерството за животна средина, на мерното место во општината Гази Баба во 130 денови од годината се надминати граничните дозволени вредности на загадувањето со отровни честички.
„Макстил“ е една од двете металуршки компании која многу малку се грижи за исполнување на еколошките стандарди и веројатно нема да може да се усогласи со оперативните планови за добивање А-интегрирани еколошки дозволи до април идната година. „Макстил“, заедно со „Скопски легури“, „Југохром“, „Фени“, „Арчелор Митал“ и „Балкан енерџи груп“ се компаниите кои од Министерството бараа да им се одложат обврските за еколошки инвестиции, но Владата ги одбила нивните барања.
Малце не кореспондираат бројките од мерните места на загадесност со локациите кој се наведени.
Единствен показател за загадувањето на комплексот на фабрики- Железара и Усје е мерното место во Лисиче кое покажува 3-4 пати поголема концентрација на М10 честиците во воздухот.
Ова е поради место положбата на ова населено место и фактот дека ветерот секогаш дува од Север кон Југ.
Анализа на днивените и историјата на загадувањето на сите мерни места можете да ги погледате овде: http://www.time.mk/info/airquality