Денес и утре (20-ти и 21-ви Октомври), Скопје е домаќин на петтиот по ред настан „Македонија 2025“, на кој присуствуваат бројни претставници од познати светски компании, организации и финансиски институции. Настанот се одржува во хотелот “Marriott” Организаторот најавува дека овој самит претставува динамична платформа за пренос на знаење, на кој експерти од повеќе области ќе дискутираат за теми од бизнисот, технологијата и економскиот развој. Во рамките на Самитот ќе се одржат експертски панели за „паметни градови“, комерцијализацијата на биогасот, биодизелот и сончевата енергија, електричните возила, природните ресурси, иновациите во телекомуникациите, циркуларната економија.