Архитектите од бирото CLOU со седиште во Пекинг и Шангај проектирале огромно скијалиште кое има падина од 500 метри со пикселирана мултимедијална фасада во Вухан, Хубеи, Кина.
Скијалиштето Вухан, структурата од 178.000 квадратни метри опфаќа низа забавни, спортски и малопродажни објекти групирани околу централното езеро за да формираат супер-голем трговски комплекс, со архитектура и фасади во комплементарни размери на терасовидни тридимензионални пиксели.
Снежните спортови се здобиле со популарност меѓу помладите генерации во Кина како рекреативна забава, благодарение на Зимските олимписки игри во Пекинг, според архитектите на CLOU.
Овој нов вид на забавен комплекс со снежна тема е создаден од неодамна завршениот скијачки центар Вухан, кој комбинира вистински спортски објекти со хотели, продавници, тематски паркови и други забавни погодности. Вклучени се професионални спортски настани, школи за скијање и клубови.
Скијалиштето Вухан, кое се наоѓа во областа Хуангпи веднаш до древниот град Мулан, се очекува да стане нова модерна знаменитост на областа. Се состои од голем трговски комплекс кој промовира снежни спортови во текот на целата година, со централно езеро опкружено со различни забавни, спортски и малопродажни објекти.
Скијалиштето Вухан воспоставува нов стандард за сеопфатна забава со својата добро избалансирана комбинација на игралиште во тематски парк на отворено, зимски активности внатре и поврзувачка улица со продавници.
Уникатен комплекс со големи димензии каде архитектурата и површините се претопуваат во комплементарни размери на терасовидни тридимензионални пиксели, мастерпланот ги комбинира карневалските вибрации, шопинг места во затворен и отворен простор, водени спортови и апстрактна визија на планина во импресивно искуство.
Комплексот е замислен како сцена за 24-часовно уживање покрај езерото. Рамката на интегративниот дизајнерски јазик обединува три различни типологии на згради со контрастни размери, опфаќајќи три различни доживувања на слободното време.
Скијалиштето Вухан ја задоволува желбата за забава во еден од најнаселените градови во Кина. Неовата 100 метри висока и половина километар долга скијачка патека во затворен простор воспоставува нов стандард за зимските спортови во затворен простор. Огромната карневалска сцена на отворено и голем број опции за купување во затворено и отворено ја надополнуваат забавата на снег во затворени простори.
Сите компоненти на модуларниот фасаден систем вклучуваат заеднички елементи, кои накнадно се разградуваат и преуредуваат за да создадат идентитет во нови синергии.
Подножјето полно со места за спорт и ноќен живот се шир кон крајбрежјето, поврзувајќи ги плоштадите и малопродажните улици со богато уредените подрачја и интерактивни фасади.
Внатрешните простори се претопуваат со надворешните простори, ревитализирајќи ги малопродажните простори и внатре и надвор со уредувањето на пејзажот и забавните содржини и поврзувајќи се со блиските транзитни центри.