Проектното биро Shokhan Mataibekov Architects презентира неверојатна станбена зграда наречена Slalom House во главниот град на Казахстан, која ќе биде „обвиткана“ со рампа во должина од 326 метри.
Доколку се усвои овој предлог тежок 70 милиони евра, објектот ќе биде првата станбена зграда во светот, која ќе има улога и на ски-патека, пишува CNN.
Така, жителите на овој необичен објект нема да одат надолу само по скали и лифт, туку ќе се спуштаат надолу и со скии.
Иако Астана има мошне студени зими, главниот град на Казахстан не нуди многу на љубителите на зимски спортови: Најблиските скијачки центри се оддалечени на четири часа возење.
Затоа, архитектот и страствен скијач, Shokhan Mataibekov ја дизајнирал зградата Slalom House која на кровот има скијачка патека. Објектот, во облик на буквата U, ќе има 21 кат.
Во втората визија за проектот, на крајот на патеката, скијачите ќе ги чека панорамски лифт што би ги возел назад на кровот.
Ски-патеката би имала вештачки снег, наречен Snowflex што ќе овозможи скијање во текот на целата година.
Патеката, исто така, ќе има соодветно осветлување, со што ќе биде можно да се користи и ноќе.
Шансите овој проект да се спроведе во моментов се 50%, но ако се најдат други партнери за поддршка на изградбата на овој објект, можеби Slalom House ќе дочека светлина на денот.