Pippa Branham е млада мајка од Велика Британија талентирана за сликарство. Својата креативност ја искористила во декорирањето на скалите во својот дом, според насловните страници на своите омилени книги.
Идејата дошла случајно, откако по преселбата во новиот семеен дом, сфатила дека скалите не се баш безбедни за нејзините деца.
Во настојување да ја смени рапавоста на површините и скалите да ги направи побезбедни, но со минимални средства, крајниот резултат е вистинско уметничко дело.
Цената за овој потфат била само 20 фунти.