Ова спектакуларно уметничко дело, високо 25 метри, се „одмотува“ додека се качува по зградата и следи спирална форма која не се повторува, туку се шири и се собира.
Делумно парче инфраструктура, а делумно драматична скулптура, надворешното скалило на Алекс Чинек постепено се дели на посебни елементи додека се издигнува во височина покрај зграда од тули во англискиот град Брајтон.
Најновото дело на британскиот уметник наречено „A Spring in Your Step“ е изработено од галванизиран челик, во форма на необично скалило кое постепено се одмотува во три ленти кои се шират над плоштадот Циркус.
Чинек инаку е познат по своите надреални архитектонски интервенции, па овој скулпторски елемент не е голема новина, но секако е многу интересен и привлечен, пишува This Is Colossal.
“Ми требаа три години да ја завршам „A Spring in Your Step“, кој тежи четири тони, висок е 25 метри и следи спирален облик кој не се повторува, туку се шири и се собира, што ја прави мојата најсложена скулптура досега“, изјави Чинек.