Длабоко под улиците на Москва, има уште еден цел свет исполнет со восхитувачка архитектура кои туристите можат да го откриваат – Московското Метро. Дејвид Бардени, архитект и фотограф од Канада, верува дека е првиот фотограф на кој му е дозволено да ги фотографира станиците после работното време, кога се затворени за патниците. Метрото во Москва, кое било отворено во 1935 година, е дизајнирано да биде еден голем проект за целите на советската пропаганда. Првичните принципи на дизајнот биле “светло” и “светла иднина”, промовирајќи светла иднина за оваа земја.