Во текот на своето владеење, поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин изградил стотина палати, од кои голем дел ги посетил само еднаш или два пати. Најголемиот дел од нив денес се целосно празни, а наместо сјајот на мермерот и орнаменти, ги красат графити и ѓубре. Имено, поголемиот дел од овие објекти се вон употреба уште од 2003 година, кога Садам Хусеин е симнат од власт а потоа и убиен, додека само дел од нив, и тоа главно на подрачјето на Басра добиле нов живот преку пренамена. Дел од гломазните палати се претворени во воени бази, некои во музеи, библиотеки и слични институции, додека најголемиот дел и натаму незапирливо пропаѓаат.
При американската инвазија, крадците ги опустошиле палатите до таа мера што биле искорнати и електричните кабли од ѕидовите. За подобрување на состојбата не помогнале ниту подоцнежните пустошења на припадниците на ИСИЛ, од кои земјата почнала да се опоравува дури во последните неколку години. Иако постои желба палатите да се претворат во музеи кои би ја прикажувале богатата историја на тој крај, потребните инвестиции за таков зафат се навистина сериозни, а извесно е дека Ирак сепак ги нема тие пари.