Детски цртеж со неколку едноставни потези со молив е инспирацијата за португалските архитекти од студиото Filipe Saraiva Arquitectos за својот најнов проект House-Shaped сместен во средна Португалија. Имено, едно младо семејство посакало дом во близина на градот Ouréma и не се плашеле да експериментираат со идеи за да добијат нешто поинаку.
Така се реализирала куќа која на прв поглед изгледа како споменатиот детски цртеж. Со предниот дел на екстериерот доминира дрвото, додека во остатокот е присутен моќен црн бетон, а самиот ентериер е уреден едноставно и повторно донесува мноштво дрвени елементи, но и бели елементи. Вишок детали тука нема; секој предмет има своја цел и намена, додека се заедно изгледа многу складно.