Сите станици за мерење на квалитетот на воздухот во Скопје на Државниот инспекторат за животна средина се во функција, а резултатите од мерењето се објавуваат на веб страницата на Министерството за животна средина, изјави директорот на Државниот инспекторат Фируз Мемед.
Тој информира дека од компанијата „Макстил“ имаат добиено известување дека работат во две смени и оти компанијата доби дополнителен рок за усогласување со Опеаративниот план и треба да се усогласи до ноември годинава. Мемед појасни дека по усогласување со Оперативниот план ќе може да се мери загадувањето со прашина од „Макстил“.
Моменталната состојба со квалитетот на воздухот според мерењата покажуваат дека загадувањето во Скопје е на ниско ниво.
masala,a zelezara sekojdnevno kontrolirano strogo sekojdnevno cadi li cadi ama toa za instrumentite(citaj odgovornite od vlasta)sigurno e kako parfem.abe aj ne go lazete narodecov aman