Насловна / Арт и дизајн / Сите идни станбени згради во Монпелје мора да имаат уметнички дела

Сите идни станбени згради во Монпелје мора да имаат уметнички дела

Во урбаното подрачје на Монпелје, неодамна стапи на сила задолжителното правило дека сите станбени проекти во тој град мора да вклучуваат уметничко дело во заедничките простории.

Така, со спроведување на оваа одредба, Монпелје ќе биде првиот град во Франција, а веројатно и во светот, кој со закон наложува интеграција на уметноста во процесот на архитектонско проектирање.

1

Целта на властите е да го претвори овој медитерански град во вистински музеј на отворено, така  што модерната уметност ќе стане дел од секојдневниот живот и резиденциите на жителите, а не само да се чува во музеи.

Комитетот дава дозвола

Уредбата прецизира дека секој градежен инвеститор сега мора да ја интегрира во својот проект дела одобрени од Copaqo, комитетот одговорен за уметничкото управување со оваа иницијатива, кој го сочинуваат експерти за современа уметност, архитекти, урбанисти и претставници на секторот на недвижности.

Комитетот е формиран со цел да се избегне повластен третман на уметниците и секогаш да се избираат истите имиња. Сепак, официјалните лица сè уште не спомнуваат како уметниците и уметничките дела ќе бидат избрани за украсување на станбените згради на подрачјето на Монпелје.

0

Она што е јасно е дека буџетот што ќе се издвојува за интегрирање на уметноста во објектот ќе треба да вреди најмалку 1 отсто од цената платена за земјиштето на кое се гради објектот – со минимална вредност од 10.000 евра.

Инвестиција од неколку стотици милиони евра

Што се однесува до форматот на уметничките дела наменети за оваа намена, има многу простор за слобода, имајќи предвид дека тоа може да биде скулптура, фреска, улична уметност или инсталација.

Новото правило предвидува дека до 2026. година на подрачјето на Монпелје треба да бидат откриени околу стотина дела, од кои некои ќе бидат видливи од јавни простори, а други поставени во заеднички простории на зградите, што одговара на инвестиција од неколку стотици милиони евра.

01

„Во моментов, дваесетина одобрени проекти се движат од 15.000 до повеќе од 100.000 евра, со фер распределба меѓу дела на млади уметници и веќе афирмирани таленти, како и помеѓу оние кои се присутни локално и оние кои се активни на национално и на меѓународно ниво“, прецизира Numa Hambursin, првиот човек на Copaqoa за News In France.

Испрати коментар

Scroll To Top