Авиокомпанијата „Бритиш ервејз“ објави видео снимка во која се прикажува процесот на изработка на еден авион, односно сите фази од неговото производство се до моментот кога леталото конечно е во функција. Во четиминутната снимка, https://www.youtube.com/watch?v=SJZk9vNS8NE, стручњаците го составуваат новиот „боинг 787-9 дримлајнер“ кој треба да почне да лета овој месеца од лондонскиот аеродром „Хитроу“.Авионот со два „ролс ројс трент 1000“ мотори предвидено е да прими 216 патници распоредени во четири класи и ќе биде користен за летови до Абу Даби, Њу Делхи, Куала Лумпур и Остин во Тексас.
„Дримлајнер“ е испорачан на компанијата „Бритиш ервејз“ на крајот на септември по сложениот процес на изработка и тестирање во огромната фабрика на „Боинг“ во Сиетл, САД.
Како што и претходно пишувавме на нашиот портал, новиот „Боинг 787-9 дримлајнер“ е шест метри подолг и 10 сантиметри повисок од претходниот модел. Исто така, тој работи со пониско ниво на бучава и може да складира 20% повеќе гориво.