Насловна / Вести / Системот за централно греење во Берлин се враќа во сопственост на локалната самоуправа

Системот за централно греење во Берлин се враќа во сопственост на локалната самоуправа

По национализацијата на системот за водоснабдување и електричната мрежа, Берлин продолжува со враќање на основните комунални услуги во јавниот сектор. На ред е системот за централно греење стопанисуван од страна на Vattenfall Wärme Berlin, кој опслужува 1,4 милиони корисници. Vattenfall во Берлин има 10 когенеративни постројки, 105 мали блоковски енергани и други објекти. Топловодната мрежа има вкупна должина од над 2.000 километри. Превземањето ќе го чини градот 1,6 милијарди евра. Сите детали во врска со продажбата ќе се финализираат во вториот квартал на 2024 година. Освен ова првземање, градските власти најавуваат и нови инвестиции во системот за далечинско греење. Целта е до 2030 година, барем 40% од топлинската неергија за греење да се обезбедува од обновливи извори, со цел Берлин да ја оствари својата заложба за климатска неутралност.

берлин1

По реализацијата на оваа трансакција, единствената услуга која и натаму ќе остане во приватни раце е гасната мрежа, со која управува Gasag. Но, договорот за превземање на системот з адалечинско греење подразбира Берлин да превземе го превземе и целокупниот удел од 31,6% кој Vattenfall го има во таа компанија. Исто токлав удел има и Engie, a E.ON 36,9%.

берлин2

 

Испрати коментар

Scroll To Top