Насловна / Екологија / Системот на јавен превоз „Car sharing“ пристигна и во Белград

Системот на јавен превоз „Car sharing“ пристигна и во Белград

Silver_yaris_in_pod_car_share_bay_lower_res
По примерот на голем број светски метропли, во Белград стигна новиот систем на јавен превоз – „Car sharing“. Во прашање е изнајмување на автомобил за лична употреба на пократко време, по што возилото се остава на посебно означени паркинзи ширум градот. Системот на делење на автомобилите или „Car sharing“ се покажа успешен во голем број светски градови, пред сè за возачите што не сакаат или немаат услови да имаат свој автомобил. Белградската компанија која се надева дека успешно ќе го стартува овој проект, информира дека за почеток ќе стави на располагање 30 автомобили. carsharing_coverЦената за едочасовно возење ќе биде 1.000 динари или околу 16 евра, а во цената е вклучено и потрошеното гориво. За да можете да го користите овој систем, потребна е регистрација преку Интернет, а преку апликација на вашиот смартфон може да се резервира и отклучи автомобилот што ви е најблиску. Откако звучниот сигнал во автомобилот ќе ве извести дека се ближи крајот на вашиот термин за користење на возилото, на апликацијата ќе го пронајдете најблиското паркинг место на кое ќе го оставите автомобилот.

Испрати коментар

Scroll To Top