Насловна / Вести / Систем за управување со информации за Дримскиот басен

Систем за управување со информации за Дримскиот басен

Претставници од петте држави Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и Грција како партнери во Дримскиот басен денеска се состанаа во Тирана треба да усвојат систем за управување со информации (Information Management System- IMS) кој треба да овозможи размена на податоци. Овозможи прекугранична соработка и интегрирано управување со водените ресурси во поширокиот Дримски басен.
Како што појасни еден од иницијаторите на Дримскиот процес, Дејан Пановски, размената на податоци меѓу државите е круцијален дел од управувањето со целиот Дримски басен и езерата и од носењето на одлуките. Преставниците на државите треба да препорачаат кои податоци ќе се разменуваат, на каква платформа и во каков формат.

дрим1
Дримскиот процес е поддржан од ГЕФ Дримски проект во чии рамки досега се изготвени тематски студии за институционалната поставеност, за биодиверзитет, за социоекономија, загадување и за хидрологија на Дримскиот басен. Сето тоа ќе биде основа за изработката на Прекуграничната дијагностичка анализа на басенот и Стратешкиот акциски план. Во истите рамки отпочнати се и низа проекти меѓу кои е и изработката на Планот за управување со интегралниот слив на Охридско Езеро.
ГЕФ проектот за Дрим доаѓа како логично продолжение на Охридската декларација за Дрим, на процесот Дримскиот дијалог започнат во 2009 година и на потпишаниот Меморандум за Заедничка визија од страна на петте држави потпишан во 2011 година, што претставува рамка на целиот процес.

Испрати коментар

Scroll To Top