Sunceco Battery е името на идниот погон за производство на батерии за електрични автомобили во Хрватска. Во моментот, овие батерии се произведуваат во само пет фабрики во САД и Азија, а инвестицијата во Хрватска е проценета на 220 милиони евра. Matt Darko Sertić, инвеститор и сопственик на компаниите Applied Ceramics и Sunceco, изјавил дека фабриката треба да биде готова за три години и дека ќе се простира на површина од 35.000 квадратни метри. Инаку, Sertić врз основа на технологијата која ја донел од САД во компанијата Applied Ceramics во Сисак, веќе започнал да произведува полупроводници и микрочипови. Втората негова компанија, Sunceco, се занимава со со производство на соларни панели, LED осветлување, како и полначи за електрични возила. Деловната филозофија на Matt Darkо Sertić е во Хрватска да стартува производство кое досега не било застапено или не е на доволно високо ниво. „Во моментот постои глад од производи како што се батериите за електрични возила. Во Европската унија веќе се сфати дека не можеме да зависиме од азиските добавувачи, и дека е неопходно и овде такво производство“, рекол Sertić за порталот Novac.hr.