IMD Smart city index покажа дека Сингапур е најпаметниот светски град. Овој индекс е развиен од страна на швајцарската деловна школа IMD и Унивезритетот з атехнологија и дизајн од Сингапур, а ги рангира градовите по однос на тоа колку се „паметни“ според повеќе параметри. Во овој случај „паметно“ е дефинирано како урбано опкружување кое применува технологија со цел форсирање на предностите и намалување на недостатоците од урбанизацијата. По Сингапур следуваат: Цирих, Осло, Женева и Копенхаген. Резултатите од истражувањето произлегле и од анкетирањето спроведено во 102 градови, а клучните прашања биле поврзани со постоечката инфраструктура, технологија, здравје и безбедност, мобилност и сл. Сингапур покажал инвонреден рејтинг по однос на речиси сите прашања.