Насловна / Арт и дизајн / Симулатор на смртта кој покажува како е да се умре

Симулатор на смртта кој покажува како е да се умре

Бидејќи никој навистина не знае како е да се умре еднаш засекогаш, австралискиот уметник Шон Гладвел создаде симулација за виртуелна реалност (ВР) која на учесниците им дава поглед во задгробниот живот.

Симулацијата е дел од изложбата на Гладвел „Електрични бури кои поминуваат“, која е претставена на фестивалот на култура во Мелбурн.

см1

Луѓето кои веќе го искусиле „симулаторот на смртта“ предупредуваат дека тоа може да биде искуство кое предизвикува анксиозност, а можно и напад на паника. Тоа вклучува искуство на човек кој е надвор од телото и на тој начин може да се гледа себеси мртов. Доживувањето го стимулираат вибрирачки кревети и бестежинското движење кон вселената.

Поединците кои минуваат низ ова искуство се следат, им се мери пулсот и можат да се откажат во секој момент. Персоналот е присутен и може да ве „извлече“ ако стане премногу вознемирувачко.

см

Жителот на Мелбурн Маркус Крук рече дека „може да се види ако искуството со ВР предизвика вознемиреност и паника“.

„Го ставаат прстот на мониторот за отчукувањата на срцето, а потоа ви велат да ја кренете раката ако ви е доволно и сакате да престанете“, рече Крук.

„Она што се случува е лежите, креветот вибрира, а вие сте мртви“. Дошле лекарите. Се гледате себеси , а тие се обидуваат да ве оживеат – не успеваат. Потоа лебдите покрај нив во вселената и продолжувате понатаму“, додаде Крук.

см2

Испрати коментар

Scroll To Top