Црвениот крст на град Скопје денеска ќе одржи симулациска вежба во рамки на проектот „Рано опоравување од елементарна катастрофа – Поплава“, поддржан од Австриски Црвен крст и Австриска Развојна агенција.
Вежбата ќе се одржи во ОУ „25 Мај” во Сингелиќ, како едно од шесте училишта опфатени со проектот. Вежбата ќе биде изведена од членовите на тимот Подготвеност и дејствување при катастрофи, а ќе се симулира евакуација од пожар и земјотрес на учениците и наставниот кадар од училишна средина на безбедна локација. Преку импровизирана жичница и балон ќе бидат евакуирани дел од повредените ученици (маркиранти) според интерниот план за дејствување за време на елементарни непогоди.
На вежбата освен екипи на Црвен крст учество ќе земат и Противпожарната бригада, екипа на Итната медицинска помош и МВР.
Вежбата се одржува со цел подигнување на свеста на граѓаните за значењето на навремена подготвеност и дејствување во случај на елементарни непогоди.