Во организација на Академскиот одбор „Човекот и животната средина“, на Српската Академија на науки и уметности (САНУ), вчера (06.06.2019), во просториите на САНУ се одржа симпозиумот “Влијанието на малите хидроцентрали врз животната средина“.
Пред присутните свои обраќања имаа претседателот на САНУ, академик Владимир С. Костиќ, министерот за заштита на животната средина Горан Триван, и академик Марко Анѓелковиќ, претседател на Академскиот одбор на „Човекот и животната средина“.
На настанот стана збор за влијанието на малите хидроцентрали врз режимот на водите и врз одржливиот развој на Република Србија, нивното енергетско, еколошко и развојно вреднување, како и за техничките решенија благодарение на кои би можеле да се остварат енергетските и првенствено еколошките цели на малите хидроцентрали.
Имаше и излагање од областа на малите хидроцентрали од деривационен тип, како претставници на безначајна енергетска добивка и огромна еколошка штета, нивното влијание врз локалниот жив свет во реките. Генерално анализиран е и самиот концепт на изградба на малите хидроцентрали во светло на конфликтни интереси.