Кулата „Трансамерика“ е култен дел од хоризонтот на Сан Франиско. Неодамна, овој објект за прв пат го промени својот сопственик. Имено, Deutsche Finance America и девелоперот Мајкл Шво, се здружиле и ја купиле кулата и целиот комплекс за 650 милиони УСД. Според Forbes, тоа е најголемата комерцијална трансакција во САД од појавата на пандемијата на корона вирусот. “Тоа е класична зграда за сите времиња која го одразува напредниот дух на Заливската област“ вели Шво. Зградата има 48 ката и била отворена во 1972 година.
Иако веќе не е седиште на корпорацијата „Трансамерика“, оваа зграда и натаму е прикажана во логотипот на компанијата. Во времето кога е завршена нејзината изградба, била осма по големина зграда на светот. Планирано е зградата да го задржи својот препознатлив изглед и име, додека внатрешноста ќе биде реновирана.
Иконата на градот била понудена на пазарот од август 2019 година, а победничката понуда изнесувала 711 милиони УСД, но во февруари. Пандемијата го зкочила процесот на продажба и придонела за пад на цената од дури 61 милион УСД.