Современиот визуелен уметник Alex Brewer, неодамна ја заврши својата колористична инсталација на огромни силоси за жито во западна Австралија, која претставува негова втора по големина инсталација.
Тој ги истражува односите помеѓу елементите, боите и формите, и како тие комуницираат меѓусебно. Неговата форма на експресија зависи од контекстот каде што ја поставува инсталацијата и кој ја гледа. Ова негово дело е апстрактно и преовладува спонтан чин на сликање. Современиот начин на изразување на младиот артист претставува доказ дека големите конструкции од ваков тип не мора секогаш да претставуваат големи и досадни бетонски структури.