На само 1.500 метри од Плоштадот на Републиката во Белград, на брегот на Дунав, се наоѓа комплекс од четири монументални силоси чија висина е 28 метри и кои, како саќе, се состојат од вкупно 64 ќелии.
Овие, своевидни бруталистички архитектонски споменици, добија нов живот благодарение на движењето Гаиа, непрофитна организација која во Силоси развива програми во областа на уметноста, образованието, рекреативниот спорт и заштитата на животната средина.
Силоси денес се културен центар кој содржи уметничка галерија посветена на локалната уметничка сцена, но и место каде покрај изложбите се одржуваат разни фестивали, саеми, спортски настани и други настани од општествено значење.
На летната сцена, која служи и како нестварно место за вежбање јога покрај Дунав, настапуваат меѓународни и домашни музички ѕвезди, а Силоси се и најголемото платно во градот за мурали на водечки уметници. Додека денес тие се еден од симболите на модерен Белград, во блиска иднина Силоси ќе содржат и интерактивен музеј посветен на градот.
Недалеку од првата ботаничка градина во Белград, денес се наоѓа Медната градина, која исто така им дава на Силос неверојатна микроклима за време на жешките летни денови. Медната градина е и центар на детската радост во областа Силоси, бидејќи покрај училишните обиколки на пчеларникот, најмаладите во текот на летотната сезона еднаш неделно гледаат едукативни емисии на тема заштита на животната средина.
Една од централните точки во Силоси е Понта•011 бар кој денес обединува нова креативна сцена, но и цела низа генерации кои ги посетувааѕ безбројните настани во зоната Силоси. Барот е заштитен од дожд, а отворен за свежината на Дунав во летните денови.
Некогашната кабина од каде се стартувале крановите, денес е местото каде што диџеј-мајсторите ја подигаат атмосферата.
Тука е и најголемата карпа за качување во Белград со шест внимателно создадени насоки од сите нивоа и за сите возрасти. Сосема ново искуство во рекреативните спортови.
Силоси се осликани со мурали. Најголем е на српската интернационална street art ѕвезда ТКВ. Муралот го прикажува создавањето преку приказот на најстариот предок во генеалогијата, а кој во словенската култура се нарекува и Бела пчела.
Тука е и муралот кој претставува живо срце на Силоси. Знак на нов почеток, со кое срце отпочнало пулсирањето на еден нов живот, обнова на стар симбол на некое ново време.
Муралот, кој е насликан од уметникот Wuper на иницијатива на World Wildlife Fund, ја симболизира важноста на осамените, диви пчели за зачувување на биодиверзитетот на нашата планета.
Муралот „Заштитник“ – чувар на силосите. Делото е инспирирано од шарите на пиротските ќилими, проткаени со енергијата на машкиот принцип. Каде што има „Заштитник“, има и „Заштитничка“. Или обратно. Суптилно да се усогласи машкиот принцип со женскиот. И тврдината Силоси да биде посилна.