Насловна / Хортикултура / Силни и прекрасни зинии

Силни и прекрасни зинии

Доколку сте љубител на силните бои, тогаш зиниите се тоа што му е потребно на вашиот двор.
Цветаат од средината па сè до крајот на летото. Размножувањето е генеративно, а здраво семе има околу 80% ’ртливост. Семето може да го соберете сами, по пресушувањето на цветот. Многу честа појава е варијабилноста во поглед на бојата, бидејќи многу често се случува новите зинии да не ја носат бојата од родителската единка.
SONY DSC
Многу се едноставни за одржување.  За поизразени бои и продолжено цветање потребно е да се обезбеди  постојана влага во почвата, а прихраната се врши со добро избалансирано ѓубриво, на секои 2-3 недели. Инфицираните ливчиња и цветови треба постојано да се отстрануваат, за да се спречи ширење на болеста. Како најголем проблем кој се јавува кај зиниите е пепелницата која е посебно присутна во топли подрачја, со многу висока влага во воздухот. За да не се предизвика појава на пепелница полевањето треба да биде строго приземно. Раствор од една супена лажичка сода бикарбона во еден литар вода помага при контролирање на појавата на пепелница. Зиниите често се и мета на глодари.
Zinnia-LEAD-MAIN-PIC-copy

Испрати коментар

Scroll To Top