Шведскиот уметник Dahlberg дизјанира две национални уметнички меморијални места: едното се наоѓа на островот Sørbråten, а второто во Осло. Дизајнот предлага пресекување на карпата на два дела како „потврдување на присуството на она што засекогаш ќе остане незаменливо“.
Вештачката празнина во пејзажот ќе создаде два земјени масиви одвоени со канал со вода, каде посетителите се на една страна, а врежаните имиња на жртвите од другата страна. Празнината ќе биде доволно широка за посетителите да не можат да ги допрат изгравираните имиња.
Земјата што ќе биде ископана од првиот меморијал ќе се употреби за изградбата на вториот, кој се наоѓа во населбата на Владата во Осло. За да се зајакне врската помеѓу двата споменици, Dahleberg нагласува дека и дрвјата и растенијата мораат да бидат пренесени од пејзажот во Sørbråten во центарот на Осло. Меморијалот во Осло исто така вклучува и отворен амфиетеатар кој нежно ќе се издлаби во земјата.