Насловна / Вести / Силен земјотрес го погоди Тајван – најмалку седум загинати, над 700 повредени

Силен земјотрес го погоди Тајван – најмалку седум загинати, над 700 повредени

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот брег на Тајван. Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 700 луѓе се повредени, пренесува Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри јужно од градот Хуалиен.

00

Земјотресот предизвикал клизишта, 26 згради се урнаа, патиштата се оштетени, а делови од Тајван останаа без струја. Од некои згради паѓале делови од конструкцијата, како и скелиња на недовршени објекти.

Од противпожарната служба велат дека под урнатините се затрупани најмалку 77 лица, а во спасувачката операција е вклучена и армијата.

4

Ова е најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години, а почувствуван е и во јужна Јапонија, источна Кина и на Филипините.

Делот од островот кој е погоден од земјотресот е трусно подрачје со високи планини. Експертите предвидуваат дека во наредните денови ќе има опасност од активирање на нови клизишта.

Веќе се урнати неколку мостови во ридските населби.

Издадено е предупредување за цунами за Тајван, Јапонија и Филипините, но во некои области предупредувањата во меѓувреме се повлечени.

0

Испрати коментар

Scroll To Top