Насловна / Вести / Сигурноста во снабдувањето со природен гас, едно од клучните прашања за цела Европа

Сигурноста во снабдувањето со природен гас, едно од клучните прашања за цела Европа

EU-gas-parlament

Државите од Европа, во иднина треба да бидат поефикасни во решавањето на проблемите во снабдувањето со природен гас, благодарение на новиот механизам за кој Европскиот парламент гласаше на 12 септември. Природниот гас има сè поголем удел во вкупната енергетска потрошувачка на Европа во последните дваесет години (на сметка на помалиот удел на нафта и јаглен) и на овој енергент отпаѓа скоро една четвртина .  Се разбира постојат разлики од земја до земја. На пример, гасот игра голема улога во Холандија, Италија, Велика Британија, додека Малта дури оваа година го доби својот прв ТНГ терминал.

EU-gas-politika

ЕУ увезува две третини од потребниот природен гас, и тоа преку гасоводи или преку ТНГ терминали. Над една третина од увозот доаѓа од Русија, а потоа  следуваат Норвешка, Алжир и Катар. Најголем број од земјите на ЕУ во целост или во сериозен обем зависат од испораките од еден добавувач, најчесто Русија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top