Насловна / Арт и дизајн / SIENA – меѓународен натпревар на фотографи 2021

SIENA – меѓународен натпревар на фотографи 2021

SIENA ве поканува да учествувате на натпреварот „ SIENA international photo awards 2021 “. Апликациите се отворени до 10. јануари 2021 година. Можете да се натпреварувате во десет категории, и тоа: Патувања и авантури, Неверојатни лица и ликови, Убавината на природата, Животни во нивното опкружување, Архитектура и урбани простори, Спорт во акција, категоријата Документарни фотографии, Улични фотографии или во категоријата Животот во време на Ковид – 19.

„Сакаме да ни ги покажете вашите вештини на визуелно раскажување приказни, преку фотографирање на луѓе, природа, животински свет, музика, спорт итн. И да раскажете приказна во портфолио со пет до девет фотографии. Замислете го ова, како приказна во слики и смислете начин да го пренесете, илустрирате без зборови.“- SIENA .

12

SIENA е меѓународен натпревар на фотографи, кој постои веќе шест години и привлекува најталентирани професионалци и аматери кои се за вљубени во фотографијата. Оваа година, жирито имаше многу тешка задача да ја избере најдобрата фотографија за 2020 година. Во конкуренција на над 48.000 фотографии од 156 земји, се истакнаа многу фотографи, а беа доделени награди во повеќе категории.

Фотографијата е совршено огледало на светот околу нас и одразува приказ на сите зборови кои сме одлучиле да ги изговориме или не. Тоа е најдобриот начин за пренесување на чувствата и мислите, и навистина, секоја фотографија вреди илјада зборови. Меѓу сите натпреварувачи, највеќе се истакна францускиот фотограф Grega Lecoeura со фотографијата „Замрзнат мобилен дом“ („Frozen Mobile Home“), кој е и победникот оваа година. Фотографијата е направена на Антарктикот и ја нагласува кревкоста на нашите океани.

Победник на годината – Замрзнат мобилен дом

Морски фоки околу санта мраз. Ледените санти мраз всушност се одговорни за намалување на јаглеродот во водата. Морските фоки поминуваат цела година на мраз, што претставува нивен дом, но која несомнено се топи.

1

Категорија лица и ликови – Виетнамки на работа

Работничките седат околу илјада стапчиња темјан. Quang Phu Can, село во Ханој, Виетнам. Тие играат значајна улога во нивниот духовен живот и можат да се најдат во сите верски објекти.

2

Категорија архитектура и урбан простор – Чувар

Рано наутро во музејот  Museu de Arte, Arquitetura e Tecnologia- MAAT, Лисабон, чуварот полека шета околу зградата. Патеката помеѓу зградата и реката Тежо придонела за совршена фотографија.

3

Категорија спорт и акција – Пустински мраз

Vill Gadd, професионален алпинист на мраз, е на половина од ледениот брег на планината Килиманџаро. Изгледа како ледениот брег да излегува од песок.

4

Категорија патувања и авантури – Во бура

Народите на Ненец среде снежна бура! Во Сибир, температурата во текот на зимата може да се спушти и под 50 степени, а ветерот може да дува над 100 километри на час. Животот е многу тежок во такви услови.

5

Бидејќи конкуренцијата е силна, и има многу победници по категории, тешко е да се одлучи кои најдобри фотографии ќе ви се претстават. Затоа, подолу се само некои од победниците во нивните категории – Животни во нивното опкружување, Убавината на природата, Лица и ликови, Документарни фотографии и фотографии од категоријата Животна средина.

6

7

8

9

10

11

Испрати коментар

Scroll To Top