Рускиот државен инвестициски фонд (РДИФ) и подружницата на германскиот Siemens, ќе вложат речиси 5 милијарди УСД во железничката врска, односно брза пруга меѓу градовите Челјабинск и Екатеринбург. Спогодбата е потпишана на маргините на Минхенската безбедносна конференција која се одржа минатат седмица, а изградбата се планира да започне во 2021 година. Целосното завршување на проектот, како и пуштањето на оваа линија во сообраќај е закажано за 2024 година.