На почетокот на минатата година, поставени се темелите за изградба на топлинската пумпа со речна вода како топлински извор, во просториите на електраната – топлана Grosskraftwerk Mannheim (GKM). Зградата од бетон и челик со изолирана фасада се вклопува во околната архитектура. Една година подоцна Simens Energy ги испорача првите делови од постројката на самата локација. Планот е топлинската пумпа да биде во погон на почетокот на следната грејна сезона.
„Декарбонизацијата на топлиснката енергија не е важна само за намалувањето на емисиите на нула до средината на векот, туку е неопходна и за постигнување на сигурност во снабдувањето во овие геополитички неизвесни времиња“, велат од Siemens Energy. Проектот е финасиран од страна на Сојузното министерство за економски прашања и климатска акција, како прва лабораторија за енергетска транзиција. Пумпата е една од петте големи вакви постројки кои се градат во Германија, на различни топлински извори – отпадна топлина, геотермална енергија, соларна енергија, вода од реки и воздух како крајна опција.
Оваа топлинска пумпа ќе има капацитет од 20MW топлинска енергија, со помош на која водата во системот за централно греење ќе може да достигне 99 степени Целзиусови. Проектот ќе опфаќа 3.500 домаќинства и ќе редуцира 10.000 тони емисии на јаглерод диоксид годишно. Како топлински извор, се користи енергијата од водата од реката Рајна.