Насловна / Архитектура / Sidra Medicine, нова ера на здравствена заштита во Катар

Sidra Medicine, нова ера на здравствена заштита во Катар

Sidra Medicine е болнички и амбулантски центар во Доха од светска класа кој нуди најсовремени клинички услуги и биомедицински истражувања. Овој академски медицински центар е дел од кампусот „Education City“ на Фондацијата Катар.

4

Замислен како инспирација за места за лекување низ целиот свет, оваа установа со 380 кревети е составена од три различни „болници во болница“ кои обезбедуваат целосен спектар на услуги за жени, педијатриска здравствена заштита и акутна итна помош.

3

Идентитетот на секоја специјализирана болница е артикулиран со простран атриум во форма слична на едро со посебни наменски зони за влез и излез и од нивото на улицата и од нивото на подземенниот паркинг. Природни материјали, вклучувајќи дрво, гранит и мермер, користени се во фоајето и јавните простори за да се создаде топла и пријатна средина, што е една од основните цели на проектантите од бирото Pelli Clarke Pelli Architects.

8

„Можеме да кажеме дека Sidra Medicine е можеби еден од најамбициозните и највизинерските проекти во Катар во последниве две децении. Болницата стана регионална дестинација на медицински туризам за пациентите од регионот и пошироко“, вели Шеиха Моза бинт Насер, претседателка на Фондацијата Катар.

5

Собите за пациенти се организирани околу три атриуми со градини каде се негуваат лековити билки. Големи се и имаат поглед на градините кои покрај растенија и многу светлина, исполнети се и со спокојни водени елементи. Пред секоја соба има удобен простор за сместување и одмор на членовите на семејството. Проектот вклучува и флескибилност, можност за додавање на дополнителни 120 соби за пациенти.

9

Стаклените лифтови гледаат на атриумот во предворјето и атриумот во градината, ориентирајќи ги посетителите и пациентите. Атриумите се обложени со керамички плочки, метални панели обложени со емајл и стакло, а се користат различни мерки за филтрирање и омекнување на силната сончева светлина.

Sidra Hospital, Location: Doha, Qatar Architect: Pelli Clarke Pelli

Амбулантската клиника од 37.160 квадратни метри врамува историска куќа, зачувувајќи го наследството на Катар. Директно поврзана со главната болница со мостови на три нивоа, зградата на клиниката исто така се поврзува со Weill Cornell Medical College, обезбедувајќи директна врска помеѓу образованието и праксата.

10

Низ ентериерот и надворешноста, облините на архитектурата и омекните рабови создаваат пријатна и пријателска средина. Објектот е опкружен со зелени површини и јавна уметност, вклучувајќи ја и скулптурната инсталација на концептуалниот уметник Damien Hirst, „Чудесното патување“.

14

15

7 2 1

Испрати коментар

Scroll To Top