Насловна / Архитектура / Сиднејската опера стана јаглеродно неутрална

Сиднејската опера стана јаглеродно неутрална

Објектот на Сиднејската опера прославува значаен исчекор во областа на заштитата на животната средина, станувајќи јаглеродно неутрална зграда, и тоа пет години пред зацртаниот рок. За обезбеденото намалување на емисиите на јаглерод диоксид низ ефикасно управување со енергијата и отпадот, Операта доби сертификат од Australian Government’s National Carbon Offset Standard (NCOS). Затоа, ноќта на 24ти септември осветлувањето на објектот беше целосно во зелена боја.

За да ја намали потрошувачката на енергија за 14%, направена е комплетна замена на осветлувањето со ЛЕД светилки, и воведен е систем за управување со енергијата и водата. Пострјките за ладење, користат систем за ладење со морска вода, со што постигнуваат 9% намалување на потрошувачката на енергија. Стапката на рециклирање е зголемена од 25% на 60%, преку имплементација на нов систем за управување со отпадот.

Следниот чекор на оваа институција е еколошката одржливост. Планот е да се намали потрошувачката на енергија за 20%, да се достигне 85% стапка на рециклирање и да се одржува и натаму статусот на јаглеродна неутраллност. Во 2023 година објектот ја прославува својата 50-та годишнина.

soh1

soh2

soh3

soh4

Испрати коментар

Scroll To Top