Сингапурскиот Институт на архитекти (SIA) ги објави победниците на SIA Architectural Design Awards 2022, еден од најпрестижните настани кој се организира во чест на проектите кои се пример за извонредност во архитектонскиот дизајн, во изминатата година.
На 21вото издание на оваа манифестација, центарот на вниманието се насочи кон проектите што покажаа одговор на новите дизајнерски сензибилности, еколошката одржливост и благосостојбата за неговите корисници и жители за време на Ковид. Оваа година два проекта се здобија со епитетот „Дизајн на годината“, што е највисоко одликување на наградите. Вкупно седум награди за дизајн и девет награди за заслуги беа избрани од потесниот список од 23 проекти од реномирани фирми и нови архитектонски имиња, обединети под плаштот на извонреден квалитет на дизајнот.
Архитектот Мелвин Тан, претседател на СВР и претседател на жирито на наградите, одржа кусо обраќање во кое вели: „Оваа година, жирито силно почувствува дека заслужува двојна награда за дизајн на годината. MeyerHouse ги освои срцата на жирито со вешто апстракција на сложените барања за станбен развој за да се произведе измамливо едноставна форма. Исто така, да не се изостави “A Brick & Mortar Shop” за неговиот чувствителен и емотивен дизајн создаден со контролирани и едноставни потези“.
Добитниците на наградите за архитектонски дизајн на SIA 2022 се:
Категорија: Дизајн на годината
– MeyerHouse од WOHA Architects Pte Ltd (станбени проекти)
– A Brick & Mortar Shop од L Architects (ентериер)
Категорија: Станбени проекти
– Petit Jervois од RT+Q Architects Pte Ltd
– MeyerHouse од WOHA Architects Pte Ltd
Категорија: Институционални проекти
– The Hedberg од WOHA Architects Pte Ltd со LIMINAL Studio
Категорија: Специјални категории
Награда за дизајн
– „Stop all the Clocks “ Sanctuary Pet Crematorium од Formwerkz Architects
– A Scintillating Tapestry At 61 Robinson од Forum Architects Pte Ltd
– Additions and Alterations to St James Power Station од W Architects Pte Ltd
Категорија: Ентериери
– GSK Asia House од Хасел
– A Brick & Mortar Shop – на L Architects
Добитниците на наградите беа оценувани од независно жири во состав:
- арх. Мелвин Тан, претседател на Институт за архитекти во Сингапур;
- проф. Таи Ли Сианг, Универзитетот за технологија и дизајн во Сингапур;
- архитект Мок Веи Веи, управител, W Architects Pte Ltd;
- проф. д-р Анупама Кунду, управител на студио Архитекти Анупама Кунду;
- арх. Керстин Томпсон, управител на студио Архитекти Керстин Томпсон.
Непосредно по изборот, арх.Мелвин Тан ќе каже „Како и изминатите години, добивме висок стандард на поднесени проекти, од интервенции во ентериер, па се до комплексни урбанистички зафати. Жирито забележа охрабрувачки нагорен тренд на чувствителност во дизајнот, кон специфичната тропска клима и желба за одржливо дизајнирање и градење.”
За повеќе информации за SIA 2022, може да прочитате на https://www.instagram.com/singaporeinstituteofarchitects/